среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Вице Заев не се појави на судење

Вице Заев не се појави на судење

Братот на премиерот Зоран Заев, Вице Заев, повторно бега од рочиштето во кое го тужи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој, инаку, го тужи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, за клевета, затоа што истиот го посочил како бизнис фактор во државата.

Во Основен суд 1 во Скопје на главна расправа за случајот Вице Заев против Александар Николоски за наводна клевета, се преслушува изјавата на Николоски дадена во емисијата на „Отворено студио” на 1ТВ.

Станува збор за изјава во која Николоски во телефонски разговор со новинарот, кажува дека брат му на премиерот Зоран Заев, Вице Заев станал главен бизнис фактор во државата.

Во судницата повторно не дојде тужителот Вице Заев, туку само неговиот адвокат кој по преслушувањето на аудио снимката ќе ги каже завршните зборови.

Според познавачите на правото, Заев нема аргументација за тужбата. Тие велат дека поднесувањето на тужба од негова страна повеќе е политички притисок врз опозицијата отколку правен случај.

Инаку, ова не е прв пат братот на премиерот да не се појави на судење.

 

Најнови вести