вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пристигнати над 2.500 барања за амнестија во Кривичниот суд

Пристигнати над 2.500 барања за амнестија во Кривичниот суд

Кривичниот суд до денеска примил над 2.500 барања за амнестија од осудени лица, согласно Законот за амнестија. Од овие барања, две-третини се решени и се вратени до затворите, рече на денешниот брифинг со новинарите претседателот на Судот, Иван Џолев.

Ова, како што додаде не е вкупна бројка на осудени лица, туку бројка на барања, појаснувајќи дека од еден осуденик може да бидат поднесени и повеќе барања, како и дека барањата опфаќаат не само целосна, туку и делумна амнестија.

Според Џолев, направен е увид во над 10 илјади предмети и сите рокови се испочитувани. Додаде дека рокот од пет дена за одлучување по барање за амнестија ќе се запази и за  барањата кои ќе стигнат до Судот дополнително.

Првите решенија од Кривичниот суд, како што рече, биле издадени на 2 февруари.

Најнови вести