недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Моќен текст: Порака за мајката породена со царски рез

Моќен текст: Порака за мајката породена со царски рез

Април е месец за подигнување на свеста за царскиот рез.

Низ социјалните мрежи кружи еден прекрасен текст, наменет за мајките породени со царски рез.

Твоето тело не те изневери

Ова не беше „полесниот“ начин

Независно дали беше дел од твојот план или е одлука направена во последен момент, невозможно е да се подготвиш за моментот кога ќе бидеш одвезена во количка во операционата сала. Ја совлада нервозата.

Беше храбра

Си дозволи себеси да бидеш ранлива, го надвладеа стравот, го роди твоето дете.

Го почувствува слаткото олеснување од тој плач на новороденче за конечно да ја запознаеш малата душичка која ја чекаше за да станеш мајка.

Го имаш твоето бебе безбедно во твојата прегратка

Ќе ти треба време и простор за да заздравиш, биди трпелива кон себе. Додека го запознаваш твоето ново бебе, ќе го запознаеш и твоето променето тело.

Можеби ќе се чувствуваш надвладеано на почетокот, но секој ден ти се менуваш

И кога ќе ја видиш твојата лузна, запомни: Тоа беше врата кон животот. А ти си воин, го можеш ти ова.