недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Силјановска: Македонија заслужува нешто подобро, заслужува Коалиција за Подобра Македонија, за посреќна Македонија и за Европска Македонија

Силјановска: Македонија заслужува нешто подобро, заслужува Коалиција за Подобра Македонија, за посреќна Македонија и за Европска Македонија

Кандидатот за претседател на Република Македонија Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова вечерва се обрати на граѓаните во Делчево.

Силјановска Давкова го осуди инцидентот кој што се случи во Арачиново каде што блиски соработници на градоначалничката на СДСМ се закануваа со физичка пресметка на новинарите од ТВ21, односно како што рече таа овој инцидент е срам за демократијата и за слободното информирање на новинарите.

-Денеска имаме уште еден срам кој ни го намесува власта во Македонија. Утре ќе одам на дебата на ТВ 21 а вчера новинарска екипа на ТВ 21 била нападната во Арачиново. Ги избркале новинарите, им се заканувале со сила, роднини на градоначалничката од СДСМ. Зошто ? Затоа што сакале да направат репортажа за Арачиново, местото во кое два месеци немаа вода граѓаните, местото во кое треба да градат водовод и канализација ама од парите и од почетокот на градбата ни траг ни глас. Е сега сите ние што предаваме уставно право и се повикуваме на Европската конвенција велиме срамота оти членот 10 бара заштита на слободата на изразување, таа е составен дел на правото на информирање но еве на новинарите од ТВ 21 тоа им го забранија, вели Силјановска Давкова.

Таа додаде дека власта мора да научи да се однесува согласно правото и правдината, бидејќи граѓаните не можат да живеат во држава во која е згазено владеењето на правото и правната држава.

-Не може да се живее во земја во кое е згазено владеењето на правото, смета Силјановска Давкова.

Според неа Македонија нема да започне преговори со Европската Унија бидејќи се потребни суштински и реални реформи,  но со ваа власт тоа не е возможно.

-Мислам дека веќе нема простор за злоупотреба, зошто веќе нема простор ни за импровизации. Македонија заслужува нешто подобро. Заслужува Коалиција за Подобра Македонија, за посреќна Македонија, за Европска Македонија, кажа Силјановска Давкова.

Силјановска нагласи дека нејзиниот кабинет ќе го сочинуваат професионални и искусни луѓе во својата област, а не луѓе кои таа функција ќе ја гледаат како шанса за богатење.

-Го имате мојот збор дека во претседателскиот кабинет ќе се обидам, ќе сторам се да ги препознаам да ги ангажирам да ги инспирирам оние кои знаат кој умеат оние со дигнитет и интегритет, оние за кои што политичката функција е обврска, предизвик, а не шанса за богатење или повисок статус. Така ќе покажеме дека сме поинакви од нив, додаде таа.

Силјановска побара поддршка од граѓаните се со цел да се врати правото и правдата во Македонија, односно како што рече таа да се обединиме за доброто на Република Македонија.

Најнови вести