Скопската Зоолошка градина од денес е побогата за два нови жители.
Се родија две бебиња лемури. Едното е машко, а другото женско и ги добија имињата Цветанка и Цветко, токму поради денешниот празник Цветници.
-Две нови близначиња денес во Скопје ЗОО. Големи да растат Цветанка и Цветко, велат од Зоо- Скопје.