недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Ариана Гранде ја погодија со лимон во градите среде настап- револтираниот напаѓач фан на Бијонсе (ВИДЕО)

Ариана Гранде ја погодија со лимон во градите среде настап- револтираниот напаѓач фан на Бијонсе (ВИДЕО)

Пејачката Ариана Гранде беше погодена со лимон за време на својот настап на фестивалот Коачела во американската сојузна држава Калифорнија, а на интернет се појави и видео од настанот.

На снимката се гледа како, додека пејачката се движи на сцената, некој го фрла лимонот кон нејзините гради, но таа продолжува со настапот.

Гласините говорат дека „напаѓачот“ е обожавател на Бијонсе и на нејзиниот албум од 2016 – „Lemonade“ (Лимонада).

Наводно, како што пишува „Дејли мејл“, фановите на Бијонсе биле револтирани од двојно повисокиот хонорар што организаторите ѝ го исплатиле на Ариана.

Некои пак, сметаат дека се работи за обожавател на поранешното момче на Аријанам Џастин Бибер, кој исто така имаше свој настап и кус говор на фестивалот.
Поп-пејачката е во добра здравствена состојба и го најави својот нареден албум.

Најнови вести