Денис Салдате (11) починала поради алергиска реакција која и ја предизвикала пастата за заби.
Денис имала сериозна алергија на млечни производи, а користела паста по рецептот која содржала состојки кои биле кобни за неа – протеин добиен од млечни производи.
Нејзините родители отсекогаш добро ги проверувале сите производи кои ги користела, но не се сетиле на пастата.
Кога добила напад, на неа не и помогнало ни апче против алергија, открила нејзината мајка Моника.
Таа рекла дека пастата која Денис ја користи ретко кој ја купува, а таква и ја препишал нејзиниот стоматолог.