понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Последна сцена на починатиот актер: Лук Пери доби прекрасно збогување

Последна сцена на починатиот актер: Лук Пери доби прекрасно збогување

Последната сцена што Лук Пери ја сними за актуелната сезона на ТВ-серијата „Riverdale“ ненамерно е прекрасно збогување на популарниот актер.

Пери го играше ликот на Фред Ендруз од пилот епизодата, до неговата смрт на 4-ти март.

Ликот уште не е „отпишан“ од серијата, но според извршниот продуцент Роберто Агире Сакаса епизодата што се емитуваше синоќа е последната што Пери ја снимил, а неговата последна сцена била „прекрасен, вистински момент меѓу татко и син“.

Пери, кој се прослави во 90-тите со улогата на Дилан Мекеј во серијата „Beverly Hills 90210“, почина на 52-годишна возраст по тежок мозочен удар.

-Длабоко сме растажени од веста дека почина Лук Пери. Тој беше сакан член на семејството Riverdal, неверојатно внимателен, посветен, професионалец, човек со големо срце и вистински пријател. Беше татковска фигура и ментор за младите во актерската екипа. Великодушен човек кој внесуваше љубов и добрина во екипата. Нашите мисли се со семејството на Лук во овие тешки моменти, напишаа продуцентите на серијата кога беше објавена веста за смртта на Пери.

Најнови вести