Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга на почетокот на следната година би можеле да добијат уште едно бебе, наведува Ало.рс.
Ова го тврди астрологот Душан Величковиќ, според кој Јелена е Близнаци во подзнак Скорпија, а Месечината е прогресивна во конјукција со Марс, што значи дека ѝ следи поволен период во поглед на плодноста. Според аспектите на нејзината натална карта, постои голема шанса тоа да се случи во мај или јуни, а на почетокот на следната година да се роди бебето.
Ако Јелена забремени до 13 мај ќе добие девојче, а ако забремени до 13 јуни ќе добијат машко бебе. Во ѕвездите на парот Ѓоковиќ е запишано дека ќе бидат родители на три или четири деца.