среда, 7. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Арсовски: Граѓаните го загубија стравот од Зоран Заев и СДСМ

Арсовски: Граѓаните го загубија стравот од Зоран Заев и СДСМ

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски во своето гостување во емисијата Клик Плус на ТВ 21 им честиташе на граѓаните на Република Македонија поради тоа што според него тие веќе го загубиле стравот од власта на Зоран Заев и СДСМ, и кај граѓаните повеќе не поминуваат ниту заканите, ниту уцените, ниту притисоците од власта.

-Би сакал да им честитам на сите граѓани на Република Македонија, тие веќе го загубија стравот, ги загубија сите оние бариери кои што постоеја и стравови од Зоран Заев и власта на СДСМ. Граѓаните излегоа и гласаа како што гласаа, однпосно својата поддршка ја дадоа за опозицискиот кандидат, односно професорката Гордана Сиљановска Давкова наспроти кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски и сите оние политики кои што ги води во измиантиот период СДСМ, вели Арсовски.

Најнови вести