четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Курто Дудуш одржува партиски состаноци во општинска канцеларија (ФОТО)

Курто Дудуш одржува партиски состаноци во општинска канцеларија (ФОТО)

Градоначалникот на Општина Шуто Оризари Курто Дудуш очигледно продолжува со користење на службените простории на општината за партиски состаноци во вечерните часови, на кои што членови на О.О СДСМ Шуто Оризари учествуваат во кампањски активности за претседателските избори.

Во првиот круг од претседателските избори во општина Шуто Оризари и покрај подршката од партијата Сојуз на ромите на Амди Бајрам, Партијата за еманципација на ромите на Неждет Мустафа и Самка Ибраимоски, и подршката од ДУИ, кандидатот на власта Стево Пендаровски во Шуто Оризари доживеа дебакл со само 600 гласови во предност од кандидатот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ професорката Силјановска Давкова, за разлика од локалните избори во 2017 година каде што СДСМ имаше висока предност и освои 4.936 гласови.

Најнови вести