вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Силјановска: Земјоделците добија ниски откупни цени, со што беа приморани својот род да го фрлаат, наместо зголемување на субвенции, тие дополнително се намалија

Силјановска: Земјоделците добија ниски откупни цени, со што беа приморани својот род да го фрлаат, наместо зголемување на субвенции, тие дополнително се намалија

Денеска кандидатот за претседател на Република Македонија, проф. Д-р Гордана Силјановска Давкова оствари средба со земјоделците од Овчеполие.

Во текот на средбата се разговараше за проблемите со кои се соочуваат земјоделците откако оваа влада е на власт, практично тие се оставени сами на себе.

-Сите граѓани на Македонија имаат проблеми со сиромаштијата, корупцијата, непотизмот. Но и чесните земјоделци кои работат чесно својот производ да го продадат, но власта секојдневно ги заборава и лаже. Земјоделците добија ниски откупни цени, со што беа приморани својот род да го фрлаат, наместо зголемување на субвенции, тие дополнително се намалија, дури и доцнат, стои во соопштението од тимот на Силјановска.

Силјановска Давкова истакна дека Владата ништо не испочитувала од она што им било ветено на земјоделците, од употребата на зелена нафта, од загарантираниот откуп на произведеното до повисоките субвенции.

На 5-ти мај кога правдата ќе завладее во Република Македонија, ќе дојде и подобро утро за сите граѓани и за земјоделците, се подвлекува во соопштението.

Најнови вести