недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Силјановска за Пендаровски: Смешно е претседател на ДИК кој во 2004 не ги повика граѓаните да излезат на референдум сега да зборува за бојкот

Силјановска за Пендаровски: Смешно е претседател на ДИК кој во 2004 не ги повика граѓаните да излезат на референдум сега да зборува за бојкот

На  дебатата на Канал 5 телевизија професорката Силјановска за Пендаровски вели дека тој како претседател на Државна изборна комисија кој што ништо не направил во 2004 година за да ги повика дури граѓаните да излезат на гласање, напротив сега да зборува за бојкотот, навистина смешно, вели таа.

-Ситуацијата е целосно различна, имено на тоа прашање референдумско како го нарече професорот Карлос Флорес Хубериас најбесрамното прашање во историјата на референдумите, човек да сакаше да одговори не можеше затоа што беа злоупотребени ЕУ и НАТО, а никаде нема точно во прашањето дали сте за Преспанскиот договор.

Таа вели луѓето не излегувале и бојкотирале затоа што не сакале да прават компромис со правото да легитимираат и легализираат, нелегитимно и нелегално прашање.

-Основните причини за бојкотирам треба да се каже дека се врзани за името затоа што за нив тоа прашање е толку болно што не сакаат дури да се изјаснат за него, вели Силјановска.

Најнови вести