петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Силјановска: Нема никакви реформи во судството

Силјановска: Нема никакви реформи во судството

Врз основа на научените лекции ВМРО-ДПМНЕ ќе формира влада затоа ќе се почитува правото и правдата. А она што се случува сега е далеку од тоа дека се направени реформи воопшто, како и во судството, рече Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ во дебатата на телевизија Канал 5.

-Сите се изморија кажувајќи дека нема реформи. Преку изјавите на Макрон, Франција ни кажува дека нема реформи или се измачија чекајки реформи. Повторувам јас не отстапувам од почитување на правото, рече Силјановска.

Според неа е јасно дека, почеток на преговори нема зошто нема реформи.

-Нема реформи ниту во судството, тоа ни го кажуваат и меѓународните експерти, рече Силјановска.

Најнови вести