Општина Шуто Оризари ја демантира и целосно ја отфрла информацијата, за наводната физичка пресметка меѓу градоначалникот на Општина Шуто Оризари Курто Дудуш и граѓанин, во општинската зграда на ден 30.04.2019 година.
-Пријавата пред полициските службеници ја дало лицето С.Ј, поранешен и сегашен осуденик, познат во населбата по своето девијантно, насилничко однесување и против кого ќе се поднесе соодветна пријава за нарушување на чест и углед пријавувајќи невистинити настани пред службени лица, велат од општина Шуто Оризари.