вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ракот на кожата зема замав, најмладиот пациент има само 13 години: Која е причината и како да постапувате?

Ракот на кожата зема замав, најмладиот пациент има само 13 години: Која е причината и како да постапувате?

Двојно е зголемен бројот на пациенти со рак на кожата третирани на Клиниката за пластична хирургија. Ако во 2006-та оперирале 66 лица, лани меланомот хируршки им бил отстранет на 134 граѓани.

Најмладиот пациент имал само 13 години. Лекарите се категорични, колку порано се открие ова малигно заболување толку шансите за преживување се поголеми.

-Доколку меланомот се оперира рано во првиот стадиум шансите за преживување се многу поголеми, изјави д-р Софија Пејкова, директор на Клиниката за Пластична и реконструктивна хирургија.

Анализата која ја направиле на Пластична хирургија покажува дека во земјава од рак на кожата најмногу страдаат девојките кои неконтролирано користат солариуми и земјоделците кои директно се изложени на сонце.

-Најголемата причина за порастот на бројот на пациенти со малиген меланом на кожата е оштетената озонска дупка. УВ зераците кои пажаат на земјата не се апсорбираат доволно од озоноткој е битен фактор за нивна апсорпција, додаде д-р Пејкова.

Лекарите советуваат при секоја промена на бемките на кожата да се побара стручна помош. Граѓаните да не се плашат од сонцето, туку да користат заштита и да избегнуваат престој на отворено кога УВ индексот е многу висок. За подигнување на свеста за ова сериозно заболување триесетина вработени на  Клиниката за пластична хирургија утре ќе трчаат на Скопскиот маратот, а цел месец низ државата ќе имаат и едукативна кампања.

Прилогот на Сител, погледнете го во продолжение

Најнови вести