Таа е вистинска “Инстаграм“ ѕвезда и има преку 100.000 следбеници на оваа социјална мрежа.
Ивана Владислава има 26 години, живее во Берлин и е вистинска “Инстаграм“ ѕвезда, која ја следат голем број на луѓе, но неодамна реши да ја открие вистината за себе и за пластичните операции кои ги има направено.
Ивана оди на операции од своја 17 годишна возраст, а сега ги открива шокантните трансформации за себе.
-Иако сум родена како машко, од своја 11 годишна возраст, знаев дека сум женско. Тогаш почнав да земам хормонска терапија и да се облекувам како женско. Во тинејџерскиот период од мојот живот се мразев себеси, а момчињата ме игнорираа. Знаев дека не сакам да живеам така и одлучив целосно да го сменам својот изглед, раскажува девојката.
Инфекцијата од имплантот целосно ѝ ја уништила десната дојка, а бидејќи немала пари за операција, била приморана да живее со само една огромна дојка, заради која ја нарекувале Киклоп.
Дури минатата година, собрала доволно пари да ги среди градите и повторно одлучила да има огромни силикони. До сега потрошила повеќе од 130.000 евра на операции, а тоа е само почеток.
-Сакам да бидам што попластична, затоа што пластиката е неуништлива. Не постои ништо друго на кое сакам да личам, освен на пластична кукла, изјавила Ивана.