Осумнаесетгодишната тинејџерка Ели Волш почина на операционата маса поради компликации кои се јавиле при отстранување на тумор на желудникот.
Иако со години чувствувала болки во стомакот, лекарите и препишувале само парацетамол.
-Не бевме свесни колку Ели е болна. Имаше болки во стомакот веќе неколку години, но докторите постојано и препишуваа само парацетамол, вели за „Дејли Мејл“, нејзината мајка Ема Волш.
Ели починала по компликациите кои се случиле за време на операцијата при која требало да и биде отстранет тумор од желудникот.
Лекарите само пет недели претходно воочиле дека туморот е голем, а Ели и нејзините родители тогаш не биле свесни за сериозноста на нејзината ситуација.
Иако операцијата била закажана за 27-ми декември, лекарите во текот на операцијата виделе колкав е туморот, и дека таа би имала само уште неколку месеци живот. Нејзината мајка Ема изјавила дека немала прилика ниту да се опрости од својата ќерка.
-Бев во шок кога ми кажаа, но се виде дека направија се што е во нивна моќ, изјавила таа.
Пред девојката беше цел живот и ветувачка адвокатска кариера, бидејќи веќе почнала да работи како рецепционер во една адвокатска канцеларија.