Ако сте дел од големата еуфорија за серијата „Игра на тронови“, тогаш веројатно имате омилена личност од сите ликови. Одвен одличните сценарија, непредвидливи свени, интересни костуми, не можеме а да не останеме рамнодушни на сите ликови.
Кој од ликовите е компатибилен со вашиот хороскопски знак:
Овен – Подрик Пејн
Со оглед на тоа дека сте полни со самодоверба и сакате да доминирате, идеален партнер за вас е слаткиот Подрик. Тој ќе сака да научи многу нешта од вас, бидејќи како жена родена во овој знак се природни лидери, па ваква нежна душа е совршена за вашиот темперамент.
Бик – Џакен Хгар
Џакен Хгар е идеален избор за авантура, бидејќи е непредвидлив и може да исчезне баш кога ќе почнете да се заљубувате. Девојките во овој знак сакаат предизвици, па ваква личност може да донесе многу интересни моменти во нивниот живот.
Близнаци – Питер Беилиш
За Близнаците често се вели дека во себе кријат повеќе личност, па затоа „Малиот прст“ е идеален за вас. Тој се однесува како му одговара во текот на целата серија и тоа е нешто што многу одговара на вашиот карактер.
Рак – Џендри Баратеон
На нежните жени родени во овој знак ќе им одговара личност која ќе им понуди љубов и сигурност и кој кон нив ќе се однесуваат како со принцеза. А, Џендри во себе има кралска крв и манири со кои е совршен за тоа.
Лав- Џејми Ланистер
На Лавиците им треба Лав, нели? Затоа Џејми е одличен избор за Лавиците. Совршено ќе се вклопи со вашата доминантна личност. Единствен проблем е што е претерано близок и поврзан со својата сестра, но сигурни сме дека ќе направите сè за да го промените тоа.
Девица – Сивиот црв
Нежната душа како Сивиот црв најдобро ќе се сложи со емотивните и перфекционистички настроени Девици. Тој е личност кој својата девојка ќе ја направи сакана и почитувана, а ќе и остави простор и да биде своја. Совршен за секоја Девица.
Вага – Сер Џора Мормонт
Ќе признаете дека на сите нас ни е потребен еден Џора во животот. Верен до крај, кој би направил сè за вашата среќа. Дали е ова мажот кој го чекавте целиот живот? Годините можеби ќе бидат проблем, но ве очекува совршена љубов.
Шкорпија – Кхал Дрого
На огнените и страствени Шкорпии им треба страст и љубовник кој ќе им нуди незаборавни ноќи. Затоа тој е идеален за вашиот хороскопски знак. Под неговата груба површина се крие нежна душа, која може многу да ве сака.
Стрелец – Оберин Мартел
На Стрелците им е потребен некој кој е интересен, љубопитен и секогаш подготвен за авантурата која тие секогаш ја планираат. Бестрашниот и харизматичен Оберин е личност која и треба на секоја жена родена во овој знак.
Јарец – Џон Сноу
Иако можеби сте го заштитиле своето срце и не сакате да се заљубите, некој како Џон Сноу ќе ги сруши сите ѕидови и ќе внесе љубов во вашиот живот. Нежен, но и бестрашен кога е тоа потребно, Џон Сноу е одличен спој за одважените,но и традиционални жени родени во овој знак кој го чекаат г-дин Совршен.
Водолија – Дарио Нахарис
Дали треба да кажеме нешто за да ве убедиме зошто тој е најдобриот партнер за вас? Тој ги поседува двата најголеми таленти : да заведува и да се бори. Освен тоа, тој е паметен и остроумен, за што сонува секоја Водолија.
Риби – Роб Старк
Чесен, грижлив и нежен. Роб Старк е вистинска комбинација за девојките родени во овој знак, кој мечтаат за љубовта и ја идеализираат и го чекаат својот принц од бајките.