недела, 5. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хороскоп

Јарецот да биде искрен, Овенот да биде максимално трпелив

Јарецот да биде искрен, Овенот да биде максимално трпелив

ОВЕН

Денеска проблем ќе ви биде организацијата. Затоа бидете максимално трпеливи и флексибилни. Доста време и енергија ќе ви одземе работниот сегмент, и љубовното поле ќе биде во втор план. Можна главоболка.

БИК

Поради некои тековни обврски, можно е денеска да ве очекуваат и заостанати работи кои ќе мора да ги решите, затоа што се рокови во прашање. Конкретен директен разговор со драга личност може да ви донесе разрешување на некое важно прашање. Чувајте се од настинка.

БЛИЗНАЦИ

Бидете малку внимателни кога се финансиските трансакции во прашање. Посоветувајте се со некој посикусен, можеби ви треба совет. На полето љубовни релации, денеска не би било мудро да почнувате приказни за некои теми од минатото. Доволно наспијте се.

РАК

Ќе имате многу работа денеска. Не е страшно, одредете ги приоритетите и не би требало да има големи застои. Ако не успеете да ја контролирате засилената нервоза поради повеќе информации во глава, тогаш најдобро е љубовното поле да го препуштите на другата страна. Без значајни предупредување околу здравјето.

ЛАВ

Добрата организација нема да биде оволно да ви мине денот без компликации. Побарајте помош од соработниците. Слободните нека не се изненадат ако наидат на поранешниот партнер, или ако тој ви испрати порака. Можни се болки во вратот.

ДЕВИЦА

Иако некои ситуации ќе мора да ги решавате од повеќе обиди, не би требало да се обесхрабрувате. Ќе успеете да се изборите со тој предизвик успешно. Можеби ќе ве заинтересира познанство кое доаѓа од блиското опркужување, или некои со кој и порано сте биле во контакт. Можни проблеми со циркулацијата.

ВАГА

Постојат сосема реални шанси одредена иницијатива да биде позитивно прифатена, особено од оние кои имаат повисоко место во хиерархијата. На љубовното поле ќе нема крупни промени и некои сериозни потези. Многу добро е здравјето.

ШКОРПИЈА

На прв поглед мирен и вообичаен работен ден, но во суштина би можел да претставува важна пресвртница. Земете ги сите опции и не брзајте со одлуката. Денеска треба да преземете клучен збор кога е во прашање комуникацијата со партнерот. Многу добро здравје.

СТРЕЛЕЦ

Поголем обем на работа ве очекува, па би требало да се занимавате со заостанатите обврски пред да прифатите нови. Важно е да не брзате, туку да работите во согласност со своите можности. Видливо разочарување може да следува во љубовта, ако не успеете да ја исконтролирате својата импулсивност. Слаба циркулација.

ЈАРЕЦ

Полни сте со елан и желба за докажување. Можен краток службен пат. Без најави за некои драстични случувања на љубовното поле денеска. Бидете искрени во своите намери. Сосема солидно здравје.

ВОДОЛИЈА

Ден сличен на вчерашниот ве очекува денеска. Зголемен обем на работа, со доста променлива енергија, но ќе се изборите со сите предизвици. Можни мали љубовни несогласувања со драгата личност. Обидете се да бидете трпеливи. Здравјето е многу добро.

РИБИ

Потрудете се да бидете појасни во изнесување на своите ставови, но и повторите ако треба, затоа што постои можност никој ништо да не ве разбере. Опуштена атмосфера и пријатно друштво даваат реални шанси за ново познанство и тоа со млада личност. Уживајте. Чувствителни зглобови.