недела, 5. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ПМФЛ: Работнички триумфално, Брера до бод против Воска

ПМФЛ: Работнички триумфално, Брера до бод против Воска

По три последователни порази во ПМФЛ, Работнички се израдува на триумф откако со 1-0 го совлада Силекс, херој беше Деспотовски кој го постигна единствениот гол на мечот, Тиквеш со погодок на Ивановски во 91. минута дојде до реми од 2-2 против Гостивар.

Тренерската смена во Работнички вроди со плод, тимот од Дебар Маало им се врати на победите откако на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари го совлада тимот на Силекс со минимални 1-0. Голот го постигна Стефан Деспотовски во 54. минута кој најдобро се снајде по еден корнер за домаќините.

Во 69. минута Влатко Стојановски доби втор жолт картон. Работнички остана со фудбалер помалку. Силекс до крајот на мечот се обидуваше да го искористи тоа, но не успеаа. На крајот скопскиот тим се израдува на важен триумф за враќање на самодовербата. Вистинска драма имаше во Кавадарци каде Тиквеш и Гостивар одиграа нерешено 2-2.

Гостиварци поведоа со гол на Абдула во 12. минута, а дваесетина минути подоцна беше покажан контроверзен пенал за гостите кој го реализираше Атиемен за 2-0. Во тие моменти на терен влезе и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев по што имаше неколкуминутен прекин на мечот.Тиквеш се врати во игра со гол на Сапхиу, a во судиското продолжение погоди Ивановски за реми од 2-2.

Најмногу голови имаше Штип каде Македонија Ѓорче Петров славеше гостинска победа над Брегалница од 3-2.

Гостите по првото полувреме водеа со убедливи 3-0 со голови на Мишевски, Стојков и Алији. Во вториот дел Брегалница преку Велкоски и Калпачки намали, но не успеа да постигне уште еден погодок и да избегне пораз.

Брера ја продолжи серијата без победа. Денеска одигра 1-1 на гостувањето кај Воска. Двата гола беа постигнати во второто полувреме. Воска поведе со погодок на Јашаровски, но струмичани брзо дојдоа до изедначување преку Галевски.

Резултати 13. коло:

Брегалница – Македонија ЃП 2-3

Велкоски 50, Калпачки 54 – Мишевски 23, Стојков 26, Алији 44

Работнички – Силекс 1-0

Деспотовски 54

Тиквеш – Гостивар 2-2

Спахиу 38, Ивановски 90+1 – Абдула 12, Атиевмен 34

Воска – Брера 1-1

Јашароски 61 – Галевски 65

Утре

Шкупи – Вардар

Струга – Шкендија

Табела: Шкупи 25, Шкендија 25, Струга 24, Силекс 20, Брера 16, Тиквеш 16, Работнички 16, Македонија ЃП 15, Гостивар 15, Брегалница 14, Воска 13, Вардар 11