вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Милан за Тонали: Од медиумите дознавме дека е зависен од коцкање

Милан за Тонали: Од медиумите дознавме дека е зависен од коцкање
епа

Италијанскиот фудбалски клуб Милан ги отфрли шпекулациите дека биле свесни за проблемите на Сандро Тонали.

Ден Ешворт, спортскиот директор на Њукасл, на кого Росонерите му го продадоа играчот од средниот ред за рекордни 70 милиони евра плус бонуси, вчера изјави дека му било тешко да шпекулира дали италијанскиот клуб бил свесен за зависноста на играчот од коцкање и последиците од таквите дејства.

– За зависноста на Тонали првпат дознавме од медиумите. Не знаевме ништо друго, одговори Милан.

Тонали поради обложувања на својот клуб кога настапуваше за Милан, неодамна доби 10-месечна суспензија од фудбалските натпревари.

Од Њукасл најавија правна постапка.