понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Милан конечно финансиски стабилен

Милан конечно финансиски стабилен

Италијанскиот фудбалски гигант Милан после долги години ја заврши сезоната со финансиски плус.

Милан изминатите години го промени начинот на работа, ги избалансира трошоците за плати, а значително ги зголеми приходите.

Сопствениците на клубот објавија дека сезоната ја заврши со добивка од 6 милиони евра, што не се случило од 2007 година.

Тоа се должи на значително зголемување на приходите, најмногу од комерцијални спонзорства, но и од ТВ права како и од пласманот во Лигата на шампиони.