недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Милан продава голмански дрес со името на Оливие Жиру

Милан продава голмански дрес со името на Оливие Жиру

Италијанскиот фудбалски прволигаш Милан пушти во продажба голмански дрес со името на Оливие Жиру, откако францускиот напаѓач се истакна на голот изминатиот викенд во победата на гостински терен над Џенова (1-0).

Стандардниот голман на Милан, Мајк Мињон, беше исклучен во судиското продолжение, а Жиру застана на неговото место, и со одлична интервенција го скотри ударот на Џорџ Пушкаш непосредно пред последниот судиски свиреж.

„Оливие Жиру стана дел од историјата на Милан со храбра интервенција во последните минути од натпреварот на Росонерите против Џенова. Клубот одлучи да ја награди неговата изведба во последната одбранбена линија ставајќи го на списокот голмани. Дополнително, навивачите сега можат да купат голмански дрес со натписот „Жиру 9“,“, соопшти Милан.

Италијанските медиуми јавија дека голманскиот дрес на Жиру во официјалните продавници на Милан е веќе распродаден.