недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Фрустрираниот Жиру ја призна грешката: Му се извинив на Пиоли

Фрустрираниот Жиру ја призна грешката: Му се извинив на Пиоли

Оливие Жиру постигна два гола на „Диего Армандо Марадона“ и го доведе Милан во добра ситуација да се надева на голема дерби победа, но на крајот не дојде до такво нешто поради враќањето на „наполитанците“.

Милан не ја искористи докрај доминацијата во првото полувреме и се доби впечаток дека двата постигнати гола се премалку за понуденото на теренот, а продолжението покажа дека гостите пропуштија огромна шанса да го решат победникот.

Руди Гарсија направи три измени на стартот и Наполи одигра како друг тим во вториот дел, па со головите на Политано и Распадори се врати целосно во игра по само 18 минути.

Последниот половина час од мечот беше доста небалансиран и двата тима можеа да дојдат до три бода, а интересно Пиоли реши да брка триумф без Оливие Жиру и Рафаел Леао.

Двајцата не ја прифатија добро одлуката на тренерот и нервозниот Жиру не се ни упати на клупата, туку неколку минути го гледаше мечот седнат на малиот ладилник крај теренот.

По крајот на мечот, Оливие се огласи за оваа сцена со ладна глава, по што не пропушти да нагласи дека му се извинил на тренерот.

– И јас сум само човек, не сум робот. Се почувствував разочрано бидејќи бев убеден дека се уште можам да им помогнам на соиграчите. Имав енергија во себе и сакав да останам на теренот. Секако, после пет минути се смирив и му се извнив на тренерот. Ја почитувам неговата одлука, бев само фрустриран бидејќи испуштивме сигурна победа, – изјави Жиру.