Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци денеска соопшти дека организацијата се наоѓа во еден од најтешките периоди во својата историја, бидејќи страда од недостиг на средства во време кога 110 милиони луѓе ширум светот се раселени.
„Задачата што му ја доверивте на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации е една од најкомплексните во нашата историја“, рече Филипо Гранди пред извршниот комитет на организацијата во Женева.
„Светот е се повеќе поделен, сè пофрагментиран и егоцентричен“, додаде тој.
Гранди рече дека организацијата е погодена од недостиг од финансирање од 640 милиони долари оваа година, а изгледите за следната година се „уште поалармантни“. (МИА)