недела, 5. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

УНРВА: Во израелски напад погодено училиште, помеѓу жртвите има и деца

УНРВА: Во израелски напад погодено училиште, помеѓу жртвите има и деца

Палестинците денеска соопштија дека при израелски напад е погодено училиште, кое служело како засолниште.

Според очевидците во израелскиот воздушен напад погодено е училиштето Ал Факур во Џабалија.

Сппоред палестинското Министерство за здравство во нападот загинале најмалку 15 луѓе, а десетици се повредени.

Директорка за комуникации на агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), Жилиет Тума потврди дека училиштето управувано од УНРВА е погодено и дека помеѓу загинатите има и деца. Но, таа не наведе бројка на жртвите/

Најмалку еден воздушен напад го погоди училишното игралиште каде имаше шатори за бегалските семејства. Вториот напад погоди училиште во кое жените печеа леб, истакна Тума.