петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Официјално Мајнц му го раскина договорот на Ел Гази поради ставовите за Палестина

Официјално Мајнц му го раскина договорот на Ел Гази поради ставовите за Палестина

Екипата на Мајнц и официјално му го раскина договорот на холандскиот интернационалец, Анвар Ел Гази, поради неговите јавно искажани ставови со поддршка за Палестина.

Откако фудбалерот првиот пат напиша објава на социјалните мрежи со осуда за Израел и поддршка за Палестина, тој беше суспендиран, но веднаш го избриша напишаното, а после една недела беше вратен во екипата.

Сепак, тој повторно се јави на социјалните мрежи и напиша дека не се кае за напишаното и останува неговата отворена поддршка за палестинскиот народ. После ова следуваше експресна реакција на Мајнц, од каде му го раскинаа договорот и сега тој е слободен фудбалер.

– “Мајнц го раскинува договорот со Ел Гази и одлуката стапува на сила веднаш. Клубот ја презеде оваа мерка како одговор на изјавите на фудбалерот на социјалните мрежи.“ – стои во соопштението на бундеслигашот.

Веднаш одговори и фудбалерот, кој го напиша следново.

– “Стојам за она што е исправно, макар тоа да значи и дека ќе останам сам. Губењето на моите животни приходи е ништо во споредба со пеколот кој го доживуваат невините во Газа.