петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Сандро Тонали ќе се „лекува“ од зависност на коцкање

Сандро Тонали ќе се „лекува“ од зависност на коцкање

Италијанскиот фудбалски репрезентативец Сандро Тонали се расплакал при средбата со своето семејство откако излезе скандалот со нелегално обложување, информира Кориере дела сера.

Тој ја признал вината и се согласил да се запише на курс за лечење од зависност од коцкање што било препорака и од обвинителството кое го води случајот.

Тонали е во центарот на вниманието на скандалот, заедно со Заниоло, Фаџоли и Залевски, но истрагата откри уште неколку познати имиња во италијанскиот фудбал.

На сите им се заканува суспензија до три години што, имајќи предвид дека станува збор за млади фудбалери, сериозно ќе го забави нивниот развој во кариерата.