понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ПМФЛ: Шкендија и Воска ги поделија бодовите, Вардар подобар од Брера

ПМФЛ: Шкендија и Воска ги поделија бодовите, Вардар подобар од Брера

Денеска се одиграа пет натпревари од 12 коло во Првата македонска фудбалска лига, екипата на Шкупи стигна до седмата сезонава остварена на стадионот Чаир против Работнички со 3:0.

Двоен стрелец беше Куевен во 39 и 74 минута, а еден погодок запиша Кука во 52 минута од средбата.

На Градскиот стадион во Тетово екипите на Шкендија и Воска Спорт ремизираа со резултат 1:1. Водеа гостите од 47 минута со голот на Бајрами, а бод за домаќините донесе Шала во 74 минута.

Гостивар дома го совлада актуелниот шампион Струга со 2:1. Кехинде во 36 и Потук во 44 минута беа стрелци за Гостивар, а на спротивната страна стрелаше Компаоре (59`).

Македонија ЃП од 33 минута со погодокот на Попзлатанов водеше со 1:0 против Тиквеш кој успеа да го избегне поразот во 90 минута преку Ивановски. Вардар дојде до нов триумф во шампионатот откако славеше против Брера (1:0), а бодовите ги обезбеди Омерагиќ во третата минута од натпреварот.

Прва фудбалска лига
12 коло

Недела, резултати –

Гостивар – Струга 2:1
Македонија ЃП – Тиквеш 1:1
Шкендија – Воска Спорт 1:1
Шкупи – Работнички 3:0
Вардар – Брера Струмица 1:0

Сабота
Силекс – Брегалница Штип 0:0

Табела: Шкупи 25 бодови, Шкендија 25, Струга 21, Силекс 20, Брера Струмица 15, Тиквеш 15, Брегалница Штип 14, Гостивар 14, Работнички 13, Македонија ЃП 12, Воска Спорт 12, Вардар 11.