четврток, 4. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Нелоски: Имаше одредени нерегуларности во изборниот ден

Нелоски: Имаше одредени нерегуларности во изборниот ден

Владимир Нелоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, при своето гостување во вчерашната емисија „Отворено на Алфа“ посочи дека во текот на изборниот ден имало одредени нерегуларности.

-Имаше одредени нерегуларности во изборниот ден, нерегуларностите можеби не беа на самото избирачко место каде што граѓаните го даваа својот глас. Но, беа околу гласачките места, забележани се нерегуларности на еден вид на поткуп на граѓани. Потоа нерегуларности во повеќе општини каде што имало агитирање околу гласачкото место, појасни Нелоски.

Нелоски додаде дека во текот на кампањата и неколку дена пред кампањата имаше одредени притисоци од страна на власта се со цел да извади резултат кој што беше потребен на самата власт.

Најнови вести