четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Три месеци по смртта на Шабан: Зорица Брунцлиќ собра сили да го направи овој чекор

Три месеци по смртта на Шабан: Зорица Брунцлиќ собра сили да го направи овој чекор

Поминаа три месеци од смртта на Шабан Шаулиќ, кралот на народната музика, а на многумина во сеќавање им се останати потресните слики од комеморацијата на кои неговата кума Зорица Брунцлик одржа потресен говор проследен со лелек и солзи.

На пејачката и требаше многу време да се опорави од овој животен удар, а во тоа секако и помогна и раѓањето на внуката која што и ја подари ќерката Злата.

Зорица полека се враќа на секојдневниот живот, а секој втор ден ја посетува и сопругата на Шабан, Гоца. Сега се одлучи за уште еден голем чекор.

Имено, Брунцлик ќе го одржи првиот концерт после смртта на Шаулиќ и тоа кон крајот на месецов во Германија.

Нема сомневање дека големата пријателка на кралот на народната музика ќе оддаде чест и на легендата која што не напушти.

Најнови вести