среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Животот кој го ветуваше СДСМ никако да дојде во студентскиот дом „Стив Наумов“- тоалетите на студентите во нечовечки услови (ФОТО)

Животот кој го ветуваше СДСМ никако да дојде во студентскиот дом „Стив Наумов“- тоалетите на студентите во нечовечки услови (ФОТО)

За студентите и две години откако СДСМ е на власт заедно со директорот на Државниот студентки дом Дарио Николовски тие се уште не го дочекале „животот за сите“ кој го вети власта.

Имено во моментов условите во тоалетите во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје се повеќе од очајни и алармантни.

Студентите секојдневно се жалат до надлежните за лошите нехигиенски услови во низ сите домови, но директорот и власта се уште се глуви и слепи на нивните реални барања и потреби.

Инаку КУРИР пред неколку месеци направи тема за реалните проблеми на студентите кои ова зимо се капеа со ладна вода во тоалетите иако надвор беа минусни температури, јадеа мувлосана храна и стаорци и змии им се шетаа по ходниците и собите додека директорот си дозволуваше скапи одмори за време на новогодишните празници, целиот текст можете да го погледнете во продолжение.

КУРИР ТЕМА: Студентите среде зима се бањаат со ладна вода, јадат мувлосан леб, директорот Дарио Николовски се луксузира во Загреб (ВИДЕО)

Речиси секоја година скромната и елементарна новогодишната желба на студентите сместени во студентските државни домови во Скопје никако да се оствари.

Министерството за образование и наука наместо мајка е маќеа на студентите, додека директорот на Државниот студентски дом, Дарио Николовски е нем на повиците на студентите и медиумите за нечовечките услови за живот во студентските домови.

КУРИР на иницијатива на студентите од повеќе студентски домови замина на терен за да ги слушне проблемите на студентите, но и побара одговор од директорот кој до овој момент на нашите прашања „Што се презема за решавање на проблемите на студентите во сите студентски домови во Скопје?“, нема никаков одговор.

Студентите од студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје кои ги снимивме минатата недела се пожалија за немањето на топлата вода во домот речиси повеќе од седум дена и капењето со ладна вода, а како што не информираа денеска тие повторно се оставени без топла вода.

-Проблемот во студентскиот дом Гоце е тоа дека немаме топла вода веќе од септември, во А блок никако, претходно одевме да се бањаме во Б блок, но и таму нема. Цело време се жалиме до управникот и директорот, зборат дека проблемот е решен. Ни кажаа дека пумпата е извадена и дека треба да стаса новата, ама тоа ни го кажуваат веќе подолго време, така да вода нема и се бањаме со ладна вода. И додека другите уживаат ние се разболуваме и очекуваат од нас да плаќаме хранарина и станарина, а немаме услови тука. Они се одговорни, вели студентка која е сместена токму во домот.

Друг студент кој исто така е дел од студентскиот дом Гоце Делчев вели дека откако се бањаат со ладна вода се шегуваат дека се подготвуваат за Водици и се надеваат дека некој од студентите ќе го фати крстот бидејќи има веќе искуство да се бања во ладна вода.

-Храната е многу минимална, не е доволна за да се најадеш, лифтовите кога- како работат, секој дом има проблеми, но да не навлегуваме во нивните проблеми, ние да ги решиме нашите проблеми, вели студентот.

Третиот наш сведок пак вели дека тие се обратиле и до Министерството за образование и наука, но од таму не добиле никаков одговор, тие напротив не ни кревале на телефон за да им се пожалат на некого или пак директно на министерот или директорот.

-Проблемите не се само со топлата вода, а топлата вода е нешто што најмногу ни е потребно во моментов, водата е кочан ладна и нема никакво греење на бојлерите. Проблем е и мензата, исхраната е намалена и има само еден вид на храна.

Студентите едногласно на нашето прашање дали се плашат  и дали добиваат закани тие велат дека не смее да се пожалат никаде, бидејќи претходните студенти кои што се бунеле за проблемите биле избркани од домовите каде и да се пожалиле јавно.

Во меѓувреме минатата недела добивме и одговор од студентите, но и од Државниот студентски центар дека проблемот е решен.

Но, денеска студентите повторно се обратија до редакцијата на КУРИР каде ни кажаа дека топла вода повторно нема веќе три, четири дена во блокот А од шести кат нагоре, додека од шести кат надоле нема топла вода веќе еден ден.

Освен овој проблем, студентите се соочуваат и со лошата храна во домот која честопати знае да биде иста три пати во денот, а неодамна јаделе и мувлосан леб.

Сликата речиси да е иста и во студентските домови „Кузман Јосифовски- Питу“ и „Стив Наумов“.

Неодамна до редакцијата на КУРИР пристигнаа фотографии од нечовечките услови за живот во двата дома, особено во тоалетите од каде како што тврдат студентите се шират и заразни болести.

Најнови вести