Оние луѓе кои имаат проблем со акните знаат колку е тешко да се справиме со нив. Често се појавуваат без некоја посебна причина, а многу препарати и козметички производи воопшто не помагаат.
За среќа, постои природен домашен тоник кој може да го реши овој проблем.
Потребни состојки:
15 мл органски јаболков оцет
60 мл вода
3 таблети аспирин
Стаклено шише со капаче
Измешајте ги водата и јаболковиот оцет, па во шишето додадете ги и аспирините. Измешајте убаво и почекајте убаво да се растопат. Тогаш тоникот е подготвен за употреба.
Користете го наутро и навечер ставајќи на деловите каде се појавуваат акните со помош на памук или газа.