Резултатите од последното истражување на доктор Џон Мировски од Универзитетот во Тексас, покажуваат дека совршената возраст за раѓање е 34 години.
Истражувањето било направено на 1.800 мајки, на кои им биле поставувани прашања за моменталната здравствена состојба.
-Во ова животно доба жените се оптимално здрави и подготвени за бременост, вели докторот.
Други експерти се сложуваат со неговиот заклучок, додавајќи дека жените на оваа возраст имаат идеална количина на енергија и доволно се зрели и одговорни за растење дете.
Исто така, кога станува збор за финансиите, тие се финансиски постабилни и во здрави емоционални врски.