вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Променливо облачно време со сончеви периоди

Променливо облачно време со сончеви периоди
илустрација

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, но во западните делови ќе биде претежно облачно. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус два до три, а дневната од осум до 15 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе достигне до девет степени.

За време на викендот ќе има врнежи од дожд, а на повисоките места и планините врнежите ќе бидат од снег. Вкупната количина на наврнат воден талог во овие делови се очекува да надмине 30 л/м2. На повеќе места ќе се формира снежна покривка, а на планините во западните и јужните делови позначително ќе се зголеми.

Најнови вести