четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

“УНИБанка” АД Скопjе со промени во раководството

“УНИБанка” АД Скопjе со промени во раководството

УНИБанка направи промени во оперативното раководство на финансиската институција. По 16 години работа во УНИБанка, г-н Коста Митровски се повлекува од позицијата на Главен Извршен директор и Претседател на Управниот Одбор на банката, сметано од 10.05.2019 година.

Раководството на УНИБанка е благодарно за придонесот на г-н Митровски во развојот на банката, за долгогодишната работа во насока на зацврстување и докажување на институцијата како стабилен и сигурен партнер за клиентите и му посакува успех во понатамошните активности.

Работните обврски на г-н Митровски ќе бидат распределени меѓу останатите тројца членови на УО и воедно Извршни директори на УНИБанка – г-н Делчо Крстев, г-н
Владислав Хаџидинев и г-ѓа Милка Тодорова.

УНИБанка е една од наjбрзо растечките компании во земјата, со активи од над 330милиони евра и добивка од 4,35 милиони евра за 2018 година.

Најнови вести