четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Демант од судијката Оља Ристова

Демант од судијката Оља Ристова

Адвокатот на Оља Ристова испрати демант до редакцијата на КУРИР за вест која беше превземена од друг портал и објавена на нашиот сајт.

Објавената вест е повлечена, а демантот го пренесуваме во целост:

На ден 16.05.2019  година на Вашиот веб сајт kurir.mk објавивте и пренесовте вест насловена како „Судијка се обиде да прегази полицајци, во скандалот вмешан и татко на пратеничка од СДСМ”

Целиот текст изобилува со неточни информации и погрешно прикажани факти.Во самиот текст се тврди дека „Нecaкajќи да ја прифати нapeдбaтa на пoлицajцитe да се вpaти нaзaд, cyдијкaта Оља Ристова почнала да вpecкa, а кога и тоа нe пoмoгнaлo се обидела и да ги пpeгaзи пoлицajцитe, кои повикале зacилyвaњe и се обиделе да ја пpивeдaт..”

Ваквите наводи содржат елементи на клевета бидејки се невистинити и имплицираат наводно сторено кривично дело од страна на нашиот властодавец, кое нешто во целост го демантира.Воедно напиот властодавец смета дека не сте постапиле согласно новинарските стандарди и веста сте ја објавиле без воопшто да побарате изјава од нјезина страна со што сте ја лишиле јавноста од целосно, непристрасно и точно информирање.

Дополнително во прилог со самата вест се користите со слика симната од приватниот фејсбук профил на нашиот властодавец Оља Ристова, без за тоа да побарате дозвола од нејзина страна, што не е во согласност со Законските одредби за заштита на лични податоци.

Согласно член 8 од Законот за граѓанска одговорност од клевета и навреда „За клевета одговара тој што за друго лице со утврден или очевиден идентитет, со намера да наштети на неговата чест и углед, пред трето лице изнесува или пронесува невистинити факти што се штетни за неговата чест и углед, а знае или бил должен и може да знае дека се невистинити.”

 

Најнови вести