четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

По смртта на кралицата на соул музиката: Пронајдени три тестаменти, синовите не ги прифаќаат

По смртта на кралицата на соул музиката: Пронајдени три тестаменти, синовите не ги прифаќаат

Три рачно напишани тестаменти биле пронајдени во домот на Арета Френклин во предградието на Детроит, месеци по смртта на кралицата на соул музиката, вклучувајќи и еден кој бил откриен под перниците во дневната соба, изјавил нејзиниот адвокат Дејвид Бенет во понеделникот.

Последниот тестамент е од март 2014-та година и изгледа дека според него имотот на славната пејачка по нејзината смрт, треба да им припадне на членовите на семејството.

Меѓутоа, некои делови се многу тешки за дешифрирање, а на четири страни има зборови напишани на маргините, пренесува “AP”.

Арета Френклин имала 76 години кога починала минатиот август од рак на панкреасот.

Адвокатите и членовите на семејството тогаш изјавиле дека нема тестамент, но овој месец биле откриени три тестаменти напишани рачно. Два тестаменти од 2010-та година биле откриени заклучени во фиока.

Верзијата од 2014-та година била напишана во спирален тефтер кој бил најден под перници, вели Бенет. Бенет, кој повеќе од 40 години ѝ бил адвокат на Арета Френклин, ги објавил тестаментите во понеделникот.

Тој рекол дека судијата не е сигурен дали се тестаментите полноважни по законот на државата Мичиген. Рочиштетео е закажано за 12-ти јуни. Бенет рекол дека тестаментите се поделени на четирите сина на пејачката или нивните адвокати, но дека и натаму не е постигнат договор за тоа дали некој од нив се смета за полноважен. Во соопштението се наведува дека двајца од синовите не ги прифаќаат овие тестаменти.

Најнови вести