четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

РКЕ: Исклучените од парно греење да не ги плаќаат сметките за април

РКЕ: Исклучените од парно греење да не ги плаќаат сметките за април

Граѓаните кои се исклучени од системот за парно греење, а добиле сметки за април да не ги плаќаат, апелираат од Регулаторната комисија за енергетика.

На прес-конференција денеска појаснија дека сметките ќе бидат сторнирани.

Исклучените од парното до крајот на мај треба да поднесат документација до БЕГ и да докажат дека живеат или ги издаваат становите за да бидат ослободени за плаќање.

Потребно е да донесат копија од лична карта, имотен лист не постар од еден месец, извод од матична книга на родени на лицето што живее во станот или договор за издршка доколку во него живеат родителите, како и сметки за платена струја од последните шест месеци. Доколку станот е издаден под кирија, покрај овие документи треба да достави и договор за закуп.

Во случаи кога БЕГ ги одбива барањата, од Регулаторна посочуваат дека во вакви случаи граѓаните можат да поднесат претставка кај нив.

Истакнуваат дека дневно обработуваат 100-тина вакви претставки од исклучените.

Најнови вести