четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Жестоки критики до славниот актер: Џим Кери со провокативна карикатура за абортус (ФОТО)

Жестоки критики до славниот актер: Џим Кери со провокативна карикатура за абортус (ФОТО)

Џим Кери уште еднаш предизвика гнев во јавноста со провокативна карикатура која ја прикажува гувернерката на Алабама, Кеј Ајви, како абортиран фетус.

Кери реагирал на воведувањето на контроверзниот закон (кој го изгласаа 25 бели мажи) кој ги забранува сите абортуси во Алабама освен во итни медицински случаи.

На својот Твитер профил, актерот објавил карикатура на која Кеј Ајви е прикажана како фетус кој е врзан за папочна врска.

“Мислам дека, ако сакате да ја прекинете бременоста, тоа би требало да се направи пред фетусот да стане гувернер на Алабама”, напишал Кери.

Реакциите на корисниците на социјалните мрежи биле различни. Додека едни истакнале дека се сложуваат со него, други мислат дека страда од лошо ментално здравје:

“Дали си добро?”, го прашал еден корисник, а друг одговорил: “Не веќе некое време”.

“Ова би требало да биде крај на твојата Твитер активност. Точка”, “Некој друг да го објавеше тоа, одамна ќе беше деактивиран”, “Ова е неверојатно изопачена илустрација”, се само дел од коментарите под објавата.

Најнови вести