Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ денеска во пресрет на големиот празник „Св. Кирил и Методиј“ организираше повеќе настани како и положување на свежо цвеќе пред спомениците на Кирил и Методиј.
Во прилеп во пресрет на празникот на македонските просветители се подаруваа книги, во Битола се одржа трибина на оваа тема, додека сличен настан се одржа и во Свети Николе.
Жените од Тетово го посетија храмот Св. Кирил и Методиј, додека членовите од Охрид и Струга положија цвеќе пред споменикот на просветителите во Охрид.
Организирани манифестации по повод празникот денес имаше и во Кочани, како и во многу други македонски градови.