петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Жена во авион го заборавила накитот на Рита Ора, вреден 3,5 милиони евра

Жена во авион го заборавила накитот на Рита Ора, вреден 3,5 милиони евра

Жената која од Лондон го пренесувала накитот вреден 3,5 милиони евра кој пејачката Рита Ора требало да го носи на неколку настани во рами на Канскиот филмски фестивал, го заборавила во торба во авион.

-Накитот бил вратен во Лондон и предаден на полицијата, рекол полициски извор за „Франс прес“.

„Кога жената излегла од авион во Ница, сфатила дека го заборавила рачниот багаж и мантилот во леталото“, рекол извор запознаен со случајот.

„Само некој со главата во облаци може да заборави толку скап накит во авион“, се пошегувал еден полициски службеник.

Тој за „Франс прес“ навел дека торбата била вратена на лондонскиот аеродром „Лутон“.

Најнови вести