четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Возете внимателно и со прилагодена брзина: Ваква е состојбата на патиштата ширум Македонија

Возете внимателно и со прилагодена брзина: Ваква е состојбата на патиштата ширум Македонија

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Ве информираме дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. Апелираме до сите возачи да не го користат автопатот.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

На 04.04.2019 година од 11:30 часот поради оштетување на мостот во с.Ваташа на регионалниот пат Кавадарци – с. Мрежичко воведена е забрана за ТМВ.

Виадукт трејд известува дека од 22.05.2019 се изведуваат градежни работи на магистрален пат А3, делница Велес – Штип при поставување на електрично осветлување на крстосница Овче Поле во времетраење од 6 (шест) месеци, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

Друштвото АСФАЛТ ДООЕЛ СКОПЈЕ известува дека поради изведување на градежни работи за рушење на стара наплатна станица Градско во период од 20.05.2019 до 17.08.2019 на магистралниот пат А1, делница Велес – Градско, сообраќајот ќе се одвива согласно Одобрението на времен режим на сообраќај.

Од 20.05.2019 година на патниот правец Р2234 Јегуновце – Радуша ќе се изведува надградба на коловозот со нов асфалт во време траење од 30 дена.

Виадукт трејд известува дека од ден 15.05.2019 се започнa со изведување на градежни активности при поставување на индуктивни јамки на Регионален Пат Р1402, делница Ново Село – граница Бугарија, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

Виадукт трејд известува дека од ден 10.05.2019 се започна со изведување на градежни активности при поставување на индуктивни јамки на Регионален Пат Р1401, Струмица – Раброво за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

Од 09.05.2019 (четврток) на патниот правец Р1201 Маврово – Дебар кај с.Скудриње, сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место има поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Страбаг АГ известува дека на 06.05.2019 се започна изградбата на ЛОТ 7 Рехабилитација на магистралниот пат А4 Штип – Радовиш на потег од клучка Штип Југ (Софилари) – Бучим (км5+000 до км28+560).

Виадукт трејд известува дека од ден 07.05.2019 се започнa со изведување на градежни активности при поставување на индуктивни јамки на Регионален Пат А1, делница Демир Капија – Удово (близу тунелите) за што има променет режим на сообраќај.

ГД “Гранит” АД Скопје известува дека од ден 06.05.2019 г. ќе изведува градежни работи – Рехабилитација на Регионален пат P1205, делница Крупиште – Пробиштип.

Од Гранит известуваат дека поради рехабилитација на делница Јурумлери – Драчево и делницата Драчево – Орешани – Таор, од 15.04.2019 година е воспотавен времен режим на сообраќај на регионалните патишта Р1106 и Р2131. Времената измена на режимот на сообраќај на наведенате делници предвидува, работа под сообраќај како и повремено запирање на сообраќајот за време на изведување на асфалтерски работи.

Друштвото Асфалт ДООЕЛ Скопје, известува дека порaди изведување на градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатните станици за патарина, сообраќајот ќе се одвива согласно Одобренијата за времен режим на сообраќај и тоа на;

-наплатна станица Гевгелија во период од 18.03.2019 до 18.09.2019 (делница Демир Капија-Гевгелија)

-наплатна станица Демир Капија во период од 11.04.2019 до 18.09.2019 (делница Неготино-Гевгелија)

Г.П. Илинден-Струга известува дека од 12.04.2019 поради изведување на градежни работи, изградба на натпатник за ТИРЗ зоната Струга на регионалниот патен правец А2 с.Подмоље – Струга ќе има времен режим на сообраќајот. На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Ескаватори Мк известуваат дека поради рехабилитација на регионален пат Р1204, делница Куманово – Свети Николе Л=32 км од 28.03.2019 година има одобрен времен режим на сообраќај.

Поради изведување на градежни работи (рехабилитација на асфалтот) на патниот правец А2 Кичево – Охрид (помеѓу планинскиот премин Пресека и с.Песочан) од 02.04.2019 сообраќајот се одвива под посебен режим т.е. преминување од една во друга коловозна лента. На местата на изведување на работите има поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Од 21.03.2019 (четврток) на регионалниот патен правец Р1103 Неготино – Лакавица се извршуваат работи на пат, реконструкција на мост на река Вардар кај с. Пепелиште. Сообраќајот се пренасочува по земјениот пат с. Пепелиште – Криволак за возила со вкупна тежина до 7,5 тони. На самото место e поставена соодветна вертикална сообраќајна сигнализација. Овој сообраќаен режим ќе трае до завршување на градежните активности.

Г.П. Илинден – Струга известува дека од 16.02.2019 (сабота) поради изведување на градежни работи на пат, регионалниот патен правец Р1208 Охрид – Струга, на делот од с. Подмоље до Еврохотел – Струга, ќе биде затворен за сообраќај за сите видови на возила до завршување на градежните работи. На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

„Виадукт трејд“ од 05.03.2019 изведува градежни работни активности за времен режим на сообраќај во времетраење од 4 месеци (120 дена), на потег од бензиска пумпа Мак Петрол на улица ЈНА по крстосница со пат за с. Вруток, Општина Гостивар.

Г.П. Илинден – Струга известува дека од 02.03.2019 ќе започне со изведување на градежни работи на пат. На регионалниот патен правец Охрид – Свети Наум, во делот булевар Туристичка во должина од 3,5 км. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Од 21.05.2018 година започна изградбата на Експрес пат А4, Штип – Радовиш, на следниот потег: клучка Штип југ (Софилари)- Бучим (км 5+000 до км 28+560) согласно Договор бр. 001-ЕБРД/17.

Од 08.02.2019 година на патниот правец А4 Скопје – Петровец и обратно, поточно на патниот јазол Петровец, извршена е трајна измена на режимот на сообраќај на тој начин што е затворен исклучокот од автопатот Скопје – Велес, кој води кон с. Петровец, а се наоѓа пред НС Петровец и истиот е поместен по НС Петровец. Oд патниот правец Велес – Скопје исклучокот за с.Петровец е поместен пред НС Петровец, а затворен е исклучокот кој се наоѓа по НС Петровец. Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно кон јазолот и да ја почитуваат новопоставената сигнализација.

Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.

ЈП Македониапат известува за реконструци надградби и сананации следниве патни правци Р1206 Синичане – Пирок – Врапчиште, и на патниот правец А2 крак врска со Неготино.

Штрабак врши целосна реконструкција на патниот правец Тетово – Попова Шапка кој ќе трае до крајот на 2019 год.

АМСМ

Најнови вести