Владимир Нелоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во денешното гостување во Само вистина рече дека тој смета дека најавената „метла“ на премиерот Заев е само обид да се амнестира лично тој самиот себе и неколку лица блиски до него од одговорност за сите штетните политики кои ги спроведуваа изминатите две години.
Според мене потегот на Зоран Заев е правење на една димна завеса, со која што ќе се амнестира себеси и тие блиските околу него за штетните политики кои што во изминатите две години како влада ги прават во Македонија и на еден начин се обидува да ги канализира одговорноста кон општинските организации, вели Нелоски.