Бизнисменот Трифун Костовски, во гостувањето на Алфа телевизија вечерва истакна дека премиерот мора да ја реформира целата влада и да направи вистински реформи во судството, бидејќи за него најголемата рак рана е судството затоа што тоа е продолжена рака на власта, a владеењето на правото треба да е клучниот сегмент за функционирање на државата.
Тој вели дека нема сила кај политичките поединци да се зафатат со вистинските проблеми за да стигне земјата во одржлив економски развој кој ќе овозможи себефинансирање и развој на економијата и ќе овозможи да бидеме третирани како дел од тоа европско семејство.
-Овој извештај на ЕК треба да се анализира длабоко, затоа што Европската унија очекува подобрување на економијата, не можеме да го занемариме судството, во оваа земја треба да владее правото, посочи Костовски во емисијата „Отворено“ и додаде:
„Вистинската отчетност како се трошат парите на граѓаните и колкаво е задолжувањето не е толку јавно, истава оваа влада имаше големи замерки како се трошат парите и за задолжувањата , но ние сме фрагилна економија што не можеме да ги сервисираме тие долгови кои се прават“.