петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Рафајловски: Се надевам дека овој економски тим на владата ќе си оди

Рафајловски: Се надевам дека овој економски тим на владата ќе си оди

Бизнисменот Горан Рафајловски кој гостуваше во емисијата „Отворено“ на Алфа телевизија, вечерва истакна дека премиерот треба да направи потполно иста чистка во владата како во партијата, за да ја мрдне економијата напред.

-Премиерот треба да продолжи со професионалци, затоа што ако продолжи со партиски кадар ќе биде крајот на надежта дека ќе се поправат состојбите, вели Рафајловски и додава:

„Се надевам дека овој економски тим на владата ќе си оди, основна улога на една влада ако сакате да градите економија во една земја е инфраструктура, под тоа спаѓаат патиштата, аеродорми, железница и енергетика. Владата може да изгради бесплатни станови за да ги задржи младите луѓе. Да, нам 3 проценти ни е намалена невработеноста, но 3 проценти ни се намалени бројот на работни места, луѓето со цели семејства отидоа во Европа“.

Тој посочи дека ако застанат некои процеси на евазија, а имаме шанси и ако ги вратиме луѓето кои се надвор, треба реформи кои ќе болат, но на долг рок таа каса и тој буџет ќе бидат реални.

-Нема ништо пострашно од живеењето под заем, треба да се направи реформа да видиме во кои сегменти ги пропуштаме парите. Ние сме земја која што овде на Балканот може да продуцира профит, но треба да се направат сериозни професионални мерки за развој. Нам ни треба долгорочна стратегија и програма врз основа на која ќе се развива Македонија во сите сегменти, вели бизнисменот.

Најнови вести