сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Граѓаните по втор пат кажаа големо „НЕ“ за Центарот за зависници да се префрли во Гази Баба- полицијата одби да спречи физички инциденти (ВИДЕО)

Граѓаните по втор пат кажаа големо „НЕ“ за Центарот за зависници да се префрли во Гази Баба- полицијата одби да спречи физички инциденти (ВИДЕО)

Денеска попладне се одржа вториот протест пред фабриката „Металски завод- Тито“ каде се планира да се префрли Центарот за зависници од дрога од Кисела Вода во Гази Баба.

Насобраните граѓани незадоволството го искажаа преку протест на кој полицијата незаинтересирано одби да спречи неколку инциденти.

-Како граѓани на општина Гази Баба имаме право да ја знаеме вистината. До градоначалникот Борче Георгиевски доставивме иницијатива со голем број на потписи од граѓани, но се уште немаме договор по истата, ова денеска на протестот на локацијата каде треба да се гради Центарот за зависници од дрога го истакна Мирче Зафировски.

Тој во името на сите насобрани граѓани додаде дека на последната седница на Советот на општината Гази Баба градоначалникот Борче Георгиевски кажал дека нема издадено писмена согласност за отворање на Центарот за зависници на територија на општина Гази Баба.

-По ова јавно прашуваме кој ја говори вистината? Министерот Филипче кажа дека ид општината Гази Баба е дадена согласност, а градоначалникот Георгиевски кажува дека нема дадена согласност. Секојдневно против идејата за отворање на Центарот за зависници во општина Гази Баба се приклучуваат граѓани и фирми и сите заедно бараме локалната и централната власт да се откажат од оваа идеа. Како граѓани ќе продолжиме и во иднина да бараме исполнување на нашето барање и доколку е потребно ќе организираме протести на булеварите и другите улици на територија на општина Гази Баба.

За време на протестот инаку полицијата на чие чело раководи Оливер Спасовски одби да спречи неколку физички инциденти со неистомислениците на овој протест.

Имено полицијата реагираше само по наредба на граѓаните кои групно извикуваа дека полицијата ја нема никаде и со скрстени раце го следи целиот протест на кој физички се обидоа неколку лица да го попречат протестот, а неколкумина се обидоа и со автомобили да ги прегазат насобраните граѓани.

Најнови вести