Адријана Алачки вчера имаше убав повод да се собере со своето семејство и да прослави роденден.
Адријана наполни 52 години, а на нејзиниот „Фејсбук“ се нижеа честитки и убави желби од нејзините пријатели.
– „Ме поканија на мојот роденден, моите Граци и Баже, а Јана ме изненади во свој стил со роденденска торта. Колку сум богата и среќна мајка…вреди да се живее…ова е сѐ на светот“, напиша Алачки на социјалните мрежи.