сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Нивоа на реките: Бабуна кај Богомила двојно повисока, Сатеска и Црн Дрим пониски од просекот

Нивоа на реките: Бабуна кај Богомила двојно повисока, Сатеска и Црн Дрим пониски од просекот

Нивоата на повеќето реки во земјава се во рамки на просекот за јуни, покажуваат денешните хидролошки мерења.

Според УХМР, исклучок прават Сатеска кај Ботун која е речиси трипати пониска од просекот и Бабуна кај Богомила која е скоро двојно повисока.

И Црн Дрим кај Ложани бележи пониско ниво од јунскиот просек.

Водостоите на езерата, Охридското, Преспанското и Дојранското, значително не отстапуваат.

Најнови вести